Мицкоски: Доста се повлекуваме и постојано губиме

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски со повик македонските власти да запрат со игнорирање на навредите и понижувањата кои доаѓаат од соседите.



“Мора некогаш да се каже доста е на лазењето по нерви и навредливата реторика во која ние Македонците ќе се повлекуваме и постојано губиме. Доста е од тоа како држава да даваме се, а да не добиеме барем малку”, порачува Мицкоски откако македонските власти на чело со Заев направија низа компромиси со Грција и Бугарија а за тоа не добија ништо за возврат.

Во пораката Мицкоски повторно побара #Оставка од владата по извњсната пропаст на процесот на преговори со ЕУ поради блокадата од Бугарија.