„Јас сум подготвен и го подготвив македонскиот народ за евентуална блокада и тоа е прилично извесно. Во проценти повеќе е тоа извесно…но, сепак, никогаш не ја губам надежта затоа што одговорноста на политичарите е голема“, ја коментираше претпладнево премиерот Зоран Заев изјавата на шефицата на бугарската дипломатија Екатерина Захариева.
По нејзината изјав „не за почеток на преговорите, но не и за членство на земјава во ЕУ“ премиерот оптимист.
„Иако е ГАК на 17, има време, до декември. До крајот на декември е можноста за првата меѓувладина конференција. Очекувам крик на пријателство од бугарската страна“, рече Заев.
„Се надевам дека пријателска Бугарија ќе го задржи Договорот за пријателство. Доколку не се задоволни со спроведувањето на Договорот, тие можат да кажат „Не“ 130 пати во 34 поглавја за преговори за пристапување во ЕУ .
Тој посочи дека Македонија и Бугарија имаат решено пет историски личности и три историски периоди и дека ќе има решение и за Гоце Делчев, а македонската Влада е подготвена да почне имплементацијата во учебниците и на двете страни.
„Двете нации имаат заедничка историја и минато. Оттаму се појавиле бугарскиот и македонскиот народ. Од јужнословенската група јазици доаѓаат македонскиот и бугарскиот јазик. Како е можно да се биде само Бугарин или Македонец воопшто. Тука мора да бараме решенија. Политичарите носат одлуки. Ако се позитивни, ќе бидат напишани со златни букви, ако се негативни – горчина “, рече Заев.






