Бугарската агенција БГНЕС денеска „ударно“ пренесува информација под бомбастичен наслов „Градоначалникот на Скопје организира историска турнеја во чест на југо-диктаторот Тито#, со оценка дека тоа се случува 40 години по смртта на еден од најзлобните диктатори на 20 век.



БГНЕС во опширниот напис потсетува дека една од првите одлуки на Шилегов, по неговиот избор за градоначалник во 2018 година, била „враќање на пораката на Тито“ испишана на остатоците од Старата железничка станица која настрада во земјотресот на 26 јули 1963 година и дека вчера токму тука бил одбележан „Денот на ослободувањето“ на Скопје.

Според агенцијата „уште на самиот почеток на свеченостите беа упатени закани кон ‘оние што денес го оспоруваат македонскиот идентитет’. И за да нема сомнеж дека оваа манипулација и напад се однесува на Бугарија, претседателот на Сојузот на борци од Скопје, Трајко Стаматоски, посвети посебно внимание на „генијалецот на Михаило Апостолски“, кој не дозволи бугарските трупи да учествуваат во ослободувањето на главниот град.

76 години подоцна во Скопје тие продолжуваат да го кријат фактот дека Првата и четвртата армија на Кралството Бугарија, заедно со мал број југословенски партизани, го ослободија Скопје“.

Во продолжение, БГНЕС пишува дека „под лично водство на Апостолски, роден Михаил Митев Апостолов, по 1944 година беа извршени најголемите фалсификати на историските документи. Тој е исто така татко на проектот „да се постават плакети против бугарските фашистички окупатори на секоја улица, во секое село и паланкин“. Според него, ова било единствениот начин да се докаже дека Македонците не биле Бугари“.

Повеќе