Златев до Борјан Јовановски и Боби Христов: Вие сте мразачи на својот народ

Новинарот и уредник на порталот и радио Лидер.мк ги прозва колегите и сите други кои го нападнаа коментаторот на МТВ Тони Стојановски.



Острата порака до колегите и останатите во целост:

До Борјан Јовановски, до Боби Христов и до сите останати кои плукаат по синоќешниот говор на спортскиот коментатор Тони Стојановски:

Залудно сакате да изигрувате интелектуалци. Џабе глумите големи слободари – вие сте само шупливи и боси мразачи на својата земја и својот народ (македонски, албански, српски, турски, влашки)… Вие сте класични неофашисти полни со омраза!

Говорот на Тони не е “политички” како што велите, говорот на Тони е патриотски!

Да ја сакаш Македонија не е ексклузивно право на никоја политичка партија, ниту етничка група, туку е прво а богами и обврска на сите граѓани на оваа земја! Така што говорот не е политички! Говорот е државнички!

Од кога има лошо во тоа некој да биде патриот и да ја сака и брани својата земја?