За 24 часа починале 25 пациенти, 1.064 случаи на коронавирус

Во последните 24 часа се направени 3.096 тестирања, а регистрирани се 1.064 нови случаи на ковид-19 од кои само во Скопје 541, објави на Фејсбук министерот за здравство, венко Филипче.



Починале 25 лица, тројца пациенти од Скопје (62, 82 и 75г), тројца од Тетово (46, 77 и 83г), двајца од Прилеп (71 и 79г), еден од Крушево (40г), пет пациенти од Куманово (34, 49, 49, 66 и 62г), четири пациенти од Битола (71,72, 73 и 75г), еден пациент од Гостивар (65г), еден од Кавадарци (69г),еден од Крива Паланка (75г), еден пациент од Струмица (70г), еден пациент од Валандово (60г), еден пациент од Пехчево (69г) и еден пациент од Свети Николе (68г). Од нив, двајца пациенти се починати вон, останатите во болнички услови.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 507 оздравени пациенти.