Шилегов: Жртви на фашистичкиот терор беа 4.654 скопјани

Градоначалникот на Скопе денеска ,ма на одбележувањето на Денот на ослободувањето на Скопје, потсети дека во текот на војната животите ги загубиле 4.654 граѓани на Скопје, од кои 956 во борбите, а 3.698 како жртви на фашистичкиот терор и потсети дека Скопје го загуби и речиси целото свое еврејско население како последица на холокаустот.



Делегации од Македонија и од странство денеска положија цвеќиња пред Споменикот на ослободителите, на платото пред Владата, во чест на Празникот на Скопје.

„Слободата која што ја извојувавте вие, ценети наши ослободители, жртвувајќи ги својата младост, своите животи, за да можеме сите ние денес слободно да живееме. Вие најдобро од сите нас знаете дека борбата за слобода не е лесна и колку многу е потребно да се освои најголемиот човечки идеал – слободата. Орце Николов, Вера Јоциќ, Цветан Димов, Раде Јовчевски Корчагин, Александар Урдаревски, Страшо Пинџур, Мирче Ацев, Дане Крапчев, Боро Петрушевски, се само дел од многуте борци кои ги положиле своите животи за нашата подобра иднина и за слободата на нашето Скопје“, рече Шилегов.