Во разговорите со македонската страна, бугарската влада се придржува кон договорот за добрососедство и рамковната позиција, уверувал министерот за одбрана Красимир Каракачанов утрово пред бугарските пратеници кои ги запознал за преговорите со Македонија.
Од опозициската Социјалистичка партија во неколку наврати инсистираа тоа да го сторат и премиерот Бојко Борисов и министерката за надворешни работи, Екатерина Захариева, пишуваат бугарски медиуми.
Според Каракачанов, никој не вршел притисок врз бугарската влада, но потенцираше дека Софија поддржува членство во ЕУ, но повтори дека Македонија не се придржува до договорите.
Нема промена во однос на говорот на омраза, нема промена во однос на промената на спомениците во Македонија кои поттикнуваат омраза кон Бугарија, оценил Каракачанов
„Нема да се согласиме да започнат преговори меѓу Македонија и ЕУ – вели Каракачанов според кој Бугарија направила доволно гестови,
Каракачанов исто така увери дека владата нема да ја прескокне одлуката на парламентот.
„Нема да прифатиме идентитет што се заснова на фалсификување на историјата. Нема да ја поддржуваме Македонија за сметка на нашиот национален интерес и нашиот национален идентитет’, рече тој.
На 6-ти ноември, Бугарија објави дека не може да ја поддржи рамката за преговори со Република Македонија за ЕУ.
Советот за општи работи треба да се состане на 17 ноември, на кој Бугарија мора да објави дали става вето.





