Каракачанов купува два воени брода од Германија

Бугарскиот министер за одбрана на Бугарија Красимир Каракачанов потпиша договор тежок 503 милиони евра за купување два воени патролни брода за потребите на бугарската армија од Германија.



По купувањето на ловците Ф-16 од САД, ова е втор голем воен договор на бугарскиот министер за одбрана, пишуваат бугарски медиуми.

Интересно, договор е потпишан во време кога Германија се обидува да го избегне неодржувањето на меѓувладината конференција за преговорите на Македонија за членство во ЕУ во време на претседателството на Берлин со Унијата.