Порталот Спортмедиа.мк го објавува видеото на кое се гледа и слуша коментаторот на МТВ Тони Стојановски за кого провладините “ботови” побараа да биде отпуштен од работа.
Откако видеото кое беше дел од преносот на МТВ беше блокирано на повеќе платформи сега може да се види само верзијата која ја снимиле колегите од порталот за спортски вести Спортмедиа.мк.
Во видеото нема никаков говор на омраза ниту политизација на спортот туку емотивен начин на пренесување на големата победа на македонските фудбалери кои се пласираа на ЕП2021 во услови кога Македонија води битка за почеток на преговори со ЕУ и притоа е понижувана, уценувана и навредувана.
Предходно луѓе од пропагандната машинерија на СДСМ и владата во координирана акција на социјалните мрежи побараа Стојановски да добие отказ од МТВ.
Тој беше нарекуван со погрдни зборови за кои новинарот може да тужи за навреда и клевета.
Гад, фашист, вмровски имбецил – Ботови на СДСМ бараат отказ за коментаторот на МТВ





