Херојот на првиот пласман на Македонија на европските првенства во фудбал, Горан Пандев, за вебстраницата на УЕФА го прокоментира триумфот од 1:0 во Грузија благодарејќи на неговиот гол.



„Навистина, навистина сум среќен и полн со емоции. Одигравме голем натпревар и остваривме голема победа за нашиот народ. За сите нас пласманот на ЕП е остварување на сонот. Сакав само да им помогнам на момците, бидејќи ова е млад состав, чудесен состав и момците го заслужија ова. Дадов сè што имам за нив. Возраста не е важна, бидејќи имам одиграно многу вакви натпревари, имав такво искуство. Зборував со момците, бевме смирени и забележавме голема победа. имавме извонредно второ полувреме“, изјави македонскиот капитен и најдобар стрелец во историјата на националниот тим со 36 гола на 114 средби.