Премиерот Зоран Заев ќе го постави Мухамед Зекири, кому беше кум на свадба, за нов генерален секретар на Владата, неофицијално дознава Плусинфо.



„Според нашите информации, ова именување за Зекири треба да биде компензација за одлуката на Заев да не го постави директор на Фондот за здравствено осигурување, во кој годишно се слеваат околу 700 милиони евра“, дознава неофицијално Плусинфо.