Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (11 ноември) на териториите на Арачиново и Ченто биле изречени 148 казни, од вкупно 348 во целиот град.
Меѓу санкциите што се изречени 34 биле за возење без возачка дозвола, а 25 за неисправни и нерегистрирани возила.
Статистички, во Арачиното и Ченто секој трет возач што бил сопрен од полицијата за контрола или немал возачка дозвола или имал нерегистрирано, односно технички неисправно возило, јавува 24ауто.мк.






