Кавадарци: По внуците кои починаа од корона, умре и нивниот дедо

На ковид одделение во Кавадарци починал дедото на двете момчиња кои претходно починаа на Инфективната клиника. Оваа информација дополнително ја растревожи Тиквешијата, откако претходно ја обзеде жал по 26 и 21 годишните млади кавадарчани.



„Точно е дека на ковид одделението почина лице со истото презиме и на истата адреса како и момчињата“, потврдија за МИА утрово од кавадаречката болница.

Оттаму ни кажаа дека две лица починале на тоа одделение во изминатите 24 часа, со многу сериозни коморбидитети. Едното на 77, а другото на 74 години.