Македонските тимови денеска во Нион имаа среќа да извлечат многу атрактивни противници, но и несреќа да добијат за опоненти во плеј оф рундата тимови кои е тешко замисливо дека можат да бидат елиминирани. Шкендија на 17 и 24 август ќе игра со Милан, а Вардар оди на Фенербахче во истите термини со тоа што според денешното извлекување и двете екипи прво треба да играат дома, а тоа е Филип втори во Скопје, а потоа да гостуваат, но тоа може да се смени.

Милан летово инвестираше 200 милиони евра и создаде респектибилен тим со Бонучи, Донарума, Силва и останатите кои ќе се обидат да го оспорат владеењето на Јувентус во Италија и да дојдат во нов Европски пехар покрај седумте од Лигата на шампионите. Фенербахче, пак, ги има Ван Перси, Валбуена, Шкртел и е еден од најголемите клубови во овој дел од Европа. За Турците од летово игра и талентираниот македонски репрезентативец Елиф Елмас.





