По вчерашните рекордни 1.321 заразени и 26 починати, бројките укажуваат на алармантна ситуација со Ковид-19 во Македонија.



Во моментов активни се 15.975, што укажува дека бројот на заразени оди по нагорна линија, а болниците во кои веќе се хоспитализирани 1.049 лица веќе нема да можат да се справат со напливот на пациенти.

Во претходното деноноќие направени се и рекордни 3836 тестирања, а процентот на потврдени случаи е 34,4.

Од почетокот на пандемијата вкупниот број на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата е 42.540, оздравени се 25.353 пациенти, а починале 1.212, од кои само вчера 26.

Според Институтот за јавно здравје, во периодот од 2 до 8 ноември, покажува зголемување од 25,5 отсто на бројот на нови позитивни случаи.