Градоначалник ги турка во конфликт Заев, Пендаровски и ДУИ

Кандидат за амбасадор во една соседна земја создава конфликт меѓу претседателот Пендаровски, премиерот Заев и министерот за надворешни работи Бујар Османи, дознава Expres.mk извори во МНР кои ги потврдуваат и извори во Владата на Илинденска.



Зад кандидатурата на дипломатот стои градоначалник на еден град од внатрешноста кој за номинацијата ја има поддршката од премиерот Заев.

Против неговото испраќање се кабинетот на претседателот кој треба да потпише указ за испраќање и ДУИ од каде сметат дека кандидатот е компромитиран поради свои предходни (не)дипломатски активности.

Expres.mk го истражува случајот и причината за инсистирањето на градоначалникот и премиерот дипломатот да замине во амбасадори но и контраргументите на Пендаровски и Османи зошто тој не треба да ја претставува Македонија.

По потврдувањето на информациите за случајот кој има потенцијал да стане најголем скандал во македонската дипломатија Expres.mk ќе објави детали за вознемирувачките причини за судирот меѓу државниот врв.

Последна вест

Страв

Река во паника од земјотресите: Одрони на патот Маврово – Дебар (ФОТО)