Како „министерот за смрт“ стана омилен политичар за ботовите на СДСМ

За нецели 3 години еден од најблиските соработници на експремиерот Никола Груевски од најголем зло за поддржувачите на СДСМ стана голем политичар.



Екс министерот Никола Тодоров во последниве месеци откако почна да го критикува раководството на ВМРО-ДПМНЕ веќе не е критикуван од таканаречен ботови на СДСМ кои ја водат битката на социјалните мрежи со опозицијата.

“Министерството за вистина направи ажурирање, Никола Тодоров повеќе не е „министер Смрт“ туку „најспособниот министер од времето на ВМРО“.
Да не згрешите некаде, па после да ве караат од партија”, порачува Стеван Трајкоски еден од неутралните активисти на социјалните мрежи кој со еднаков пристап ги критикуваше и ВМРО-ДПМНЕ и сега СДСМ.

Тодоров во своите колумни и јавни настапи кои ги споделуваат поддржувачите на СДСМ ја критикува опозицијата и речиси не го спомнува Заев или упатува критики кон власта.