Од владејачката СДСМ денеска соопштија дека новогодишно украсување во градовите ќе има, но средствата кои ќе се потрошат ќе бидат намалени за разлика од минатите години.



Градоначалникот Петре Шилегов накави дека за оваа цел Градот годинава ќе потроши 200.000 евра, што наиде на сериозни критики од јавноста но и од опозицијата.

„На граѓаните им е потребна зрак светлина во тешкиот период со коронавирусот, особено во она малку време што можат да го поминат надвор, за време на празниците.

Во време кога коронавирусот негативно влијае и врз менталното здравје на граѓаните, мрачниот Мицкоски сака општините, градовите да бидат завиени во мрак, и тоа во периодот на новогодишните и божиќните празници“, се вели во партиското соопштение.

Денеска советничката во Советот на Град Скопје Ирена Попова на прес-конференција во партиското седиште побара градоначалникот Петре Шилегов да се откаже од украсувањето на градот, а со парите да се купат лаптопи за учениците од средните училишта.