Макрон ниту М од меѓувладина конференција за Македонија (ВИДЕО)

Францускиот претседател Макрон во денешното видео обраќање на самитот во Софија не спомена воопшто датум за преговори на Македонија со ЕУ ниту пак ја спомена таканаречената “Меѓувладина конференција” со која земјите кандидати ги започнуваат формално преговорите со Унијата.



Предходно повеќе германски претставници најавија дека до декември ќе се случи таа конференција.

Макрон во пораката истакнува неколку важни моменти но не и почеток на преговори за Македонија:

Потребна е соработка меѓу Земјите на Балканот (Мал Шенген);

Потребна е реформа на структурата во однос на владеење на правото и останатите Европски вредности;

Потребна е заедничка борба, заедно со ЕУ, против тероризмот.

Макрон потенцира дека Франција постваила високи стандарди за влез во ЕУ што бил искрен пристап кон народите кои сакаат да бидат дел од унијата.

“Најпрво би сакал да им честитам на Бугарија и Македонија за копретседавањето и да ви се заблагодарам за поканата.

И покрај тоа што сите сме многу фокусирани на ситуацијата КОВИД-19, од суштинско значење е да го одржуваме и зајакнуваме овој многу важен дијалог со Западен Балкан: тие и припаѓаат на Европа, географски, историски и културолошки. Дозволете ми да потврдам многу јасно дека Франција ја поддржува европската перспектива на Западен Балкан – и ќе кажам неколку зборови за тоа како сè уште многу силно го поддржуваме:

Од почетокот на оваа година, се случија неколку позитивни случувања во однос на Западен Балкан:

Прво, земјите-членки на Европската унија донесоа две важни одлуки на крајот на март, среде првото избувнување на пандемијата: се согласивме за нова методологија за да го направиме процесот на проширување поверодостоен и поефикасен и решивме да отвориме преговори за пристап со Албанија и Македонија. Ова е отворена можност, и сите сте свесни за високите стандарди што ги заговара Франција, што исто така претставува форма на искреност кон сите народи”, изјави меѓу другите работи францускиот претседател.