Американскиот департмент за правда им даде „зелено светло“ на федералните обвинители да ги испитаат наводните неправилности на гласовите на претседателските избори.
Претседателот Доналд Трамп одбива да признае дека ги изгубил изборите, изнесувајќи неиздржани тврдења за измама на гласачите, јави Би-би-си.
Портпаролот на г-дин Трамп вети дека правната битка за оспорување на победата на Бајден е на самиот почеток.
„Овие избори не се завршени“, рече секретарот за печат на Белата куќа, Кејли Мекенани на прес-конференција. „Далеку од тоа“.
Главниот обвинител напиша дека истрагите може да се направат од федералните обвинители „доколку има јасни и очигледно веродостојни тврдења за неправилности кои, доколку се точни, потенцијално можат да влијаат на резултатите од федералните избори во одделна држава“.





