Бугарскиот премиер добил негативен резултат на вториот ковид-тест, и денеска ќе го пречека македонскиот премиер, Зоран Заев на Самитот на Берлинскиот процес во Софија.
„Негативен сум на Ковид-19, покажа вториот последователен тест. Во согласност со наредбите на здравствените власти, ќе го пречекам премиерот на Република Северна Македонија Зоран Заев и ќе го одржам Самитот на Берлинскиот процес“, објави Борисов.
Заев утрово замина за Софија каде заедно со Борисов ќе претседава со Самитот.





