Забраната за групирање над 4 лица ќе важи преку целиот ден

Владата донесе одлука, наместо по 21 часот, преку целиот ден да биде во сила забраната за групирање на јавни површини на повеќе од четири лица.



„Владата на денешната седница донесе одлука за забрана за собирање во групи (групирање) на повеќе од четири лица на јавен простор, односно паркови, јавни површини или било каде на отворен простор и наместо по 21:00 часот забраната ќе трае во текот на целиот ден, цела седмица и со точно дефинирани исклучоци од оваа забрана“, велат од Владата на РСМ.