И Јетон Љужа обвинет за убиството на Саздо

Основното јавно обвинителство Скопје денеска поднесе Обвинителен акт против Јeтон Љужа, кој заедно со уште две лица, на 29.06.2018 година, на свиреп начин го лишиле од живот оштетениот Никола Саздовски.



Според реконструкцијата на настанот, тројцата кои се возеле со автомобил, застанале на автобуска постојка на булеварот „Александар Македонски“ каде стоел Саздовски и и му побарале лична карта.

Кога им ја покажал, тие му се обратиле со зборовите „А ти си тој Никола Саздовски викан Саздо“, по што сите тројца заедно започнале да го удираат со боксови во главата и градите.

Од силината на ударите оштетениот изгубил рамнотежа и паднал на тротоарот, по што обвинетите продолжиле со клоци да го удираат во градите и главата.

Од повредите, пои десет дена во кома, Саздовски починал на 9 јули таа година.

По настанот уапсени биле Бесир Беља и Скендер Демири кои беа осудени на по 19 годни затврска казна.

Јетон Љужа побегнал во странство…