Чекајќи го реваншот со Ентони Џошуа, Владимир Кличко не дочека и денеска објави дека ја завршува феноменалната кариера. 41. годишниот Украинец беше профи владетел во рингот во два наврата. Во првиот 3 (од 2000 до 2003), а во вториот 9 (од 2006 до 2015) години во кои ги имаше титулите во ВБА, ВБО и ИБФ верзиите, а таа од ВБЦ асоцијацијата не ја напаѓаше зошто таму долго светски првак беше неговиот брат Виталиј.
Владимир Кличко во профи боксот влезе по олимпиското злато во тешка категорија во Атланта во 1996. година, а во потоа имаше 69 борби со импресивни 64 победи и само 5 порази. Одлуката за повлекување не е изнендување бидејќи колосот роден во Семеј, Казахстан, во последните две години боксуваше само два пати, а во нив губеше од Британците Тајсон Фјури и Ентони Џошуа.

Владимир Кличко е семеен човек со домови во Хамбург, Киев и Лос Анџелес. Женет е за актерката Хајден Пенетие, а од пред три години ја имаат ќеркичката Евдокија.





