Алктуелниот претседател Доналд Трамп не го признава поразот од демократскиот кандидат Џо Бајден, а најави правна битка за докажување на нерегуларноста на изборите во неколку сојузни држави.



Според медиуми, Трамп, кој не се појави во јавноста од четвртокот, планира да одржи неколку митинзи преку кои ќе се обиде да добие поддршка за продолжување на својата борба, на – необичен начин.

„Трамп ќе се обиде да ги поткрепи своите тврдења за изборни измами со објавување некролози за мртви луѓе кои гласале на изборите“, изјавил портпаролот на неговата кампања, Тим Муртау.

Трамп бара повторно броење гласови во неколку сојузни држави, но експертите сметаат дека овие напори веројатно нема да вродат со плод.