Бугарскиот правник и историчарот професорот Јордан Величков со неверојатни тврдења за односот на таканаречениот Македонизам кон Бугарија и Бугарите.
Величков тврди дека Македонија во минатото водела страшна пропаганда против Бугарија во која тврдела дека се што е именувано Бугарско или Бугарин е измислено.
Според професорот оваа политика што се видела уште во екс Југославија ја фабрикувале големите сили и Русија.
Величков тврди дека во македонската историја не постојат Бугари и Бугарија а се што е поврзано со нив било прикажувано како нешто неприродно, грозно, кретенско, срамно име кое не се користи за човечки род туку за луѓе со варварски и животински чувства.
Величков како доказ за своите тврдења укажува на статија во списанието “Глас на Македонците” што се издавало во САД.
На прашањето од новинарот што го интервјуира дали е сериозен Величков вели:
“Тоа се тврди во редакциски текст на списанието „Глас на македонците“, објавено во САД. Гледам не ви се верува но ќе ви кажам уште една од многуте публикации. Друго печатено издание во странство ги убедува своите читатели дека старите историски документи јасно ја покажуваат смислата на зборот бугарин и Бугари. Едното значење е “педераст и педерасти” а другото е „простак, глупак, грубијан, тупак, нечист, дебелоглав човек со голема глава, селанин, проста нација“ и уште многу од тој вид”, вели Величков за бугарските медиуми во изјава која е сомнителна и за новинарите но сепак ова интервју е објавено во Бугарија.





