Претседателот на Македонија Стево Пендаровски денеска објави дел од интервјуто дадено за АлсатМ во кое потенцира дека државниот врв има консензус за неменување на македонскиот идентитет под притисок од Бугарија.
“Не постои жив Македонец кој може да каже дека не е Македонец”, потенцира Пендаровски и бара јавноста да му верува но заборава дека и тој и премиерот Заев ја лажеа јавноста пред да се потпише Преспанскиот договор за што тој е потсетен во коментарите на Твитот.
Она кога рече душата ќе му ја извадат на тој што би потпишал договор за промена на име
И потоа кога рече јас сум 102% ист со тој што потпишал договор за промена на име
И потоа кога рече што ми е мене гајле битно претседател да будем pic.twitter.com/JA9JGhdpdx
— СПЕЦијализанT ✍📚📖 (@specijalizantot) November 8, 2020
— БаБаРоГ /////////// (@LepceSoSalamce) November 8, 2020
Друг проблем со неговата изјава е дали некој друг што не е Македонец или е македонски државјанин може да каже дека Македонците не се Македонци.
Тука во прв ред се мисли на министерот за надворешни работи Бујар Османи кој е Македонец по државјанство кој од политички причини може да рече дека тој како државјанин на Македонија не е Македонец ниту пак дека Македонците се Македонци.
Третиот аспект на неговата порака е околу живите и мртвите Македонци. Мртвите Македонци веќе секако не можат да кажат дека не се Македонци иако Бугарија се обидува и мртви да ги направи Бугари.
Четвртата мана на изјавата на Пендаровски е можноста некој од луѓето што биле Македонци а се уште се живи и
сега се декларираат како Македонски Бугари или Бугарски Македонци кажат дека Македонците не се Македонци.
Твитот на Пендаровски што предизвика интересни коментари на Твитер.
Не постои жив Македонец кој може да каже дека не е Македонец. pic.twitter.com/p5Zbm8EiT9
— Stevo Pendarovski (@SPendarovski) November 8, 2020




