Премиерот на Словенија Јанез Јанша, кој на социјалните мрежи му ја честиташе победата на Доналд Трамп, убеден дека е „сосема јасно“ оти новиот мандат ќе му припадне на актуелмиот претседател, на Твитер коментираше дека „. интересно е да се слави победникот (ЏоБајден) на претседателските избори во САД, а судовите сè уште не донеле одлука за жалбите.



„Интересно. Поднесени се жалби во сите американски држави со тесен резултат. Судовите сè уште не почнале да одлучуваат. Сепак, главните американски медиуми (а не некое официјално тело) го прогласуваат победникот. Честитки пристигнуваат од сите страни. Тоа е владеење на правото“, напиша Јанша на Твитер.

Јанша, по „грешката“ и честитката до Трамп, постојано ретвитува теории на заговор и ги обвинува демократите за масовна измама на гласачите, пишува Форин полиси.