Македонска пратеничка хоспитализирана на “Инфективна”

Народната претставничка и потпретседателка на ЛДП, Моника Зајкова е позитивна на коронавирус и со симптоми е хоспитализирана на Инфективната клиника во Скопје.



„Ви пишувам откако собрав малку сила, лежејќи на клиниката за инфективни болести каде што сум хоспитализирана поради заразеност од Корона вирусот“, пишува Зајкова.

Таа додава дека и нејзините родители се позитивни, за среќа со полесни симптоми и се борат со болеста.

„Иако ги следевме и почитувавме сите протоколи, најверојатно некаде, за жал, сме потфрлиле“, додава Зајкова.

Како се чувствувам?

– Телесната температура не ми спаѓа под 38.5 C, чувствувам омалаксаност, континуирано гадење, повраќање и изнемоштеност. Констатирано ми е почетна фаза на пневмонија. Ова не сакам да звучи како заплашување, туку повеќе како отрезнување, затоа што понекогаш може да биде предоцна!

На Инфективната клиника е хоспитализиран и министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски за кој последно министерот за здравство рече дека е во добра здравствена состојба.