Младиот Томовски ги скроти “Часовничарите” за чист пат до ЕП 2022

Младиот голман Томовски со неколку одлични одбрани во вториот дел, крилото Гоце Георгиевски и Кире Лазаров го отворија патот до Европското ракометно првенство во 2022.



Иако Швајцарија водеше со 3 гола во последните 15 минути тогаш по тајм аут на селекторот Брестовац се разбуди нашиот тим и поддржан од десетина Македонци гледачи во Шафхаузен до крајот рутински дојде до 23:25.