Граѓани кои добиваат централно греење преку БЕГ, на социјалните мрежи се уште се жалат на студени радијатори.



Реакциите на граѓаните се дека радијаторите не само што се ладни во делот од денот кога температурите надвор се над 10 целзиусови степени, туку дека неподносливо е во утринските и вечерните часови кога парното е целосно исклучено, јавува порталот Денар.мк.

Кон крајот на минатиот месец БЕГ соопшти дека поради ремонт на транзитниот гасовод од Бугарија кон земјава, во периодот од 27 до 29 октомври, можни се редукции на испораката на топлинска енергија преку системот за централно греење.

Како причина беше наведено ограничувањето на транспортот на природен гас, преку гасоводот ГА МА, поради изведување ремонтни зафати на транзитниот гасовод од Бугарија кон земјава, по што се ќе се врати во регуларен трек.

Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов во „Click Plus“ на ТВ21 соопшти дека БЕГ резервирал 55 тони мазут, но тој веднаш реагирал.

„Веднаш штом ја добив информацијата дека има таков јавен налог, го контактирав менаџментот на БЕГ. Известен сум дека согласно законот мора да имаат резерва во случај да престане дотокот на природен гас со цел да има резерва со која ќе се затоплуваат домовите“, изјави Шилегов.

Но, порталот Скопје инфо прашува „Ги враќа ли БЕГ топланите на мазут“, по информацијата дека Компанијата резервирала количини од овој енергенс за цела грејна сезона, иако според законот може да се користои најмалку 15 дена годишно.

Новите регулативи дозволуваат мазут да се употреби само во случај на дефект или прекин на доставата на гас. Но, сега БЕГ бара 55 милиони килограми мазут, почнувајќи од октомври до крајот на април, со детални прогнози за секој месец одделно, односно за цела грејна сезона,

Од БЕГ појаснуваат дека нема да го користат мазутот како гориво, доколку нема прекин на испораката на гас

Последен пат мазут е набавен во 2014 та година. Важи за енергенс кој многу загадува и е поскап, потсетува Скопје инфо.

Тоа беше причината Балкан Енерџи да се гасифицира.