Актерот Сашо Тасевски нуди решение за ќорсокакот во кој се најде македонската евроинтеграција по бугарското вето на преговарачката рамка за Македонија за преговорите за членство во Европската унија.
„Блокада од другарчињата Бугарчиња, а Заев?
Мислеше дека си фактор и можеш да се пазариш со ѓаволот. Ги виде колку нè сакаат? Наивен човек. Или можеби не си толку наивен, колку што си…
По оваа блокада треба веднаш да падне Владата, па на избори. И поништете го Договорот со Бугарија, веднаш.
Вие членовите на СДС, до кога планирате да ќутите? Барајте од лидерот да го запали тој договор јавно и да бара прошка за штетата што ни ја нанесе“, напиша Тасевски на Фејсбук.






