БГНЕС: Заев некоректно го цитира членот 2 од Договорот

Откако премиерот Зоран Заев денеска ја обвини Бугарија за кршење на членот 2 од Договорот за пријателство и добрососедство, што двете страни го потпишаа на 1 август 2017 година, експресно реагираше бугарската агенција БГНЕС според која Заев некоректно го цитира членот 2.
„Според толкувањето на македонскиот премиер, во членот 2 се вели дека Бугарија мора да ја поддржи интеграцијата на Македонија.



Но, во членот се вели дека Софија ќе го сподели своето искуство со цел Македонија да ги исполни потребните критериуми“, пишува БГНЕС.

Членот 2 од Договорот гласи:

„Бугарската страна ќе го сподели своето искуство со цел да и помогне на Република Македонија да ги исполни потребните критериуми за членство во Европската унија и ќе ја поддржи Република Македонија да добие покана за влез во НАТО“.