Министерот за правда Бојан Маричиќ очекува Уставниот суд конечно да ја расчисти дилемата дали експретседателот Иванов можел да ги повлече помилувањата за 56 лица во 2016 година, од кои повеќето обвинети во предметите на тогашното СЈО
„Ова е важен процес и не треба да прејудицираме која ќе биде расправата на Уставниот суд во врска со членот 11-а од Законот за помилување за да не се прави какво било влијание. Не би сакал да коментирам. За нас е најважна правдата, правната држава и владеењето на правото како принцип. Верувам дека ќе имаме одлука или некаков вид изјаснување на Уставен, кој ќе ја расчисти оваа ситуација“,изјави денеска Маричиќ.
Предметот за помилувањата во Уставниот суд беше отворен во ноември лани, но и неколкупати одложуван и затоа што на дел од судиите им требаше време да го разгледаат, но и затоа што во Собранието беше поведена постапка за автентично толкување на членот 11.






