Вардар имаше позитивни 1-2 или вкупни 2-2 со гол на гости против Копенхаген на неговиот Паркен стадион, што ветуваше премин во следната рунда кога во 71. минута Јан Грегус, стрелец инаку на првиот гол во првата минута, доби втор жолт односно црвен картон. Шанса Пар екселанс. Не мораше ниту да напаѓаме, не бевме принудени на ништо освен да го задржиме тој резултат и тоа бројно помоќни. Сето тоа си го овозможивме со одличната акција во 19. минута кога Баргесјан го пронајде Николов, а овој пласираше за 1-1. По изедначувањето брзо примивме несреќен гол кога на центаршутот од корнер Баргесјан беше невнимателен во 26. минута. 2-1 за Копенхаген, но и 50 минутно затишје потоа кое нам ни одговараше. Опишавме како блесна шансата, која за жал траеше и премногу кусо. Во 75. минута Вербиќ побегна, Гачевски заплива, а Сантандер заби за неповолни 3-1. Вардар нападна со сите сили, но во такви ситуации секогаш останува многу простор. Копенхаген го искористи да изнуди пенал во 88. минута кој, пак, без проблем го реализираше Сотириу.
Голема шанса е пропуштена. Вардар беше близу до плеј оф рундата од Лигата на шампионите и до сигурен настап во групната фаза од Лига Европа, но не успеа како плод на, во моментов нејасни околности. Копенхаген-Вардар вечерва 4-1, вкупно 4-2 и црвено црните ќе продолжат во второто по квалитет клупско натпреварување во Европа.
Прво фудбал, Вардар и испуштената шанса кога сите ги видовме црвено црните во плеј офот од Лигата на шампионите.
https://youtu.be/4mW2zrdTxs4
blob:https%3A//www.dailymotion.com/beed509a-c3bc-4b3b-a1f0-e0e8c916b3f0




