Не постои начин во оваа фаза да се каже „да“ за почеток на преговорите меѓу Македонија и ЕУ, вели шефицата на бугарската дипломатија Екатерина Захариева, според која бугарската поддршка за Македонија никогаш не била – безусловна.
Захариоева за бТВ повторува дека бугарската позиција е многу јасна:
„ Уште минатата година, Владата достави декларација до парламентот, која беше поддржана од сите партии. Значи, нашиот став за Ср Македонија не е нов, како што тврдат некои“ пренесе БГНЕС.
Таа вели дека е во интерес на Бугарија сите земји од Западен Балкан да влезат во ЕУ.
„Во моментов, Бугарија не е во можност да ја одобри рамката за преговори со РС Македонија. Постои Договор за пријателство и добрососедство, кој беше потпишан во 2017 година и ратификуван во 2018 година, но тој не се спроведува “, рече Захариева.
За разлика од другите балкански земји, со кои имаме споделена историја, со Македонија ние имаме заедничка историја вели Захариева и додава:
„Скопје го потпиша договорот, но сега се обидува да избега од него“ и додава дека „ со земји како Грција и Турција имаме споделена“, но не и заедничка историја како со Македонија.
Вицепремиерката вели дека „Кабинетот (бугарската влада) е обединет по прашањето за Македонија, јас сум во постојан контакт со премиерот Бојко Борисов. Какви било шпекулации дека некој ќе промени нешто во последен момент не одговараат на вистината“.
Захариева уште додава дека Бугарија не бара признавање на бугарско малцинство во Македонија, „затоа што ова значи признавање на делото на оние кои работеа 75 години за уништување на бугарската самосвест на тамошното население, за нејзино бришење. Таму мора да се создадат услови за луѓето кои се изјаснуваат за бугарската самосвест да не бидат дискриминирани и слободно да можат да се изјаснат за тоа што се“.
Министерката за надворешни додава дека уште не е постигната согласност по сите прашања а премиерот Борисов и на канцеларката Ангела Меркел ѝ објаснил дека напредокот не е доволен.
Во врска со работата на Заедничката бугарско-македонска комисија и договорот што историчарите го постигнале за 5 лица од средниот век, важно е дека овој резултат не е објавен јавно и не е влезен во учебниците. Ова значи дека резултатот од нејзината работа е минимален бидејќи не стигнал до македонската јавност.





