Уште две политички партии се откажаа од локалните избори во декември

Коалиционата алијанса за Албанците и Aлтернатива сметаат дека не е вистинско време за вонредни локални избори, поради ситуацијата создадена од пандемијата, пренесува АлсатМ.



„Мислам дека е многу неразумно во оваа економска криза и во оваа состојба на пандемија да се организираат вонредни локални избори на кои ќе бидат избрани градоначалници за мандат од 10 месеци. Нека анализираат како може да им се продолжи мандатот на овие двајца градоначалници во Пласница и Штип може да биде продолжен за уште 10 месеци, да не ги трошиме парите, па наместо на избори, да ги потрошиме на лекови или да направиме што повеќе тестови“, рече денеска Арбен Таравари како претставник на коалицијата меѓу Алијанса за Албанците и Алтернатива.

Предходно и партијата Глас на Македонија на Солза Грчева се откажа од изборите.