Додека Филипче монтира видеа, дојдовме до црниот рекорд

Според неофицијалните брифинзи од здравствени извори денеска Македонија ќе дојде до највисоката бројка на заразени од коронавирусот.



Според се уште официјално непотврдени информации денеска се регистрирани близу 1200 заразени од Ковид19.

Од нив речиси половина се од главниот град.

Во меѓувреме министерот Филипче се занимава со монтирање и објавување на видеа во кои ја оцрнува опозицијата а СДСМ се подготвува за избори во Штип.

Дел од партиите веќе најавија дека нема да учествуваат на предвремените избори во Штип и Пласница.