Здружението на крводарители “Крводарител” е гневно на министерот за здравство Венко Филипче затоа што ги игнорира цели 9 месеци.
Здружението му поставило две прашања на министерот Филипче на 27 Март по што уште еднаш го контактирале на 5 мај но никогаш не добиле одговор.
“Очигледно толку вредат крводарителите во очите на првиот човек на министерството кое го одржуваме на наши раце”, порачуваат крводарителите кои објавуваат дел од нивната преписката со министерот од официјалниот профил на здружението.
Во пораката до Филипче тие со доза на иронија ги користат хаштазите:
#Благодариме за исцрпниот одговор!
#КрводарителитеТребаДаЗнаат
#БидиЕденОдНас
#Крводарител
Да се потсетиме кога здружението му постави две прости прашања на министерот.
Очигледно толку вредат крводарителите во очите на првиот човек на министерството кое го одржуваме на наши раце.
Благодариме за исцрпниот одговор!#КрводарителитеТребаДаЗнаат #БидиЕденОдНас#Крводарител pic.twitter.com/ziuh92hDnl— КРВОДАРИТЕЛ (@krvodaritel_) November 4, 2020




