Среде корона Филипче менува 7 директори

Доктор Суад Зејнел од Клиниката за пулмологија ќе биде нов директор на Институтот за белодробни заболувања и ТБЦ, а д-р Башким Османи ќе раководи со Клиниката за ревматологија.



Д-р Зејнел и д-р Османи доаѓаат на местата на д-р Арбен Љабеништа и д-р Филип Гучев кои досега раководеа со овие клиники, соопшти Министерството за здравство.

Министерството најави дека до крајот на неделата ќе бидат именувани нови директори и во Центарот за јавно здравје, Клиниката за кардиологја, Клиниката за токсикологија,  Клиниката за детски болести, како и  Институтот за белодробни заболувања кај деца Козле.

Тоа значи дека ќе се разрешат д-р Александар Стојанов, д-р Жан Зимбаков, д-р Нагип Зумбери, д-р Наташа Алулоска и д-р Ангелчо Андоновски. СакамДаКажам