Премиерот Виктор Орбан вчера објави дека Унгарија ќе ги затвори баровите и клубовите и ќе воведе полициски час во текот на ноќта за да се ограничи ширењето на вирусот, објаснувајќи дека тоа е потребно за да се спречи надминувањето на капацитетите на болниците до средината на декември.
Полицискиот час е во сила од полноќ до пет наутро.
Училиштата остануваат отворени, како и продавниците и рестораните, а навивачите ќе можат да ги следат натпреварите на стадионите.
Инаку, унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто, кој се наоѓа во посета е позитивен на коронавирус, но нема симптми, дознава Ројтерс.





