Одложување на преговорите додека не се постигне јасен и обврзувачки договор за расчистување на сите билатерални прашања со Република с Македонија, вели бугарскиот претседател Румен Радев кој смета дека преговорите за Македонија во ЕУ би значеле внесување на нерешени проблеми во Унијата и легитимирање на омразата кон Бугарија.
„Членството на РС Македонија во ЕУ е исклучително важно за нашиот регион и Бугарија секогаш го поддржуваше тоа, но ние мора да имаме јасни гаранции дека нашето единство како бугарска нација и културното наследство никогаш нема да бидат доведени во прашање од надворешни фактори.
Како одговорна земја-членка на ЕУ, не смееме и не можеме да си дозволиме да внесуваме нови, нерешени прашања во ЕУ. Не можеме да дадеме легитимитет на омразата кон Бугарија. Како нација која се самопочитува, 3 години по потпишувањето на Договорот за добрососедство, не можеме да гледаме текстови во учебници, музеи, споменици и навредливи и недозволиви формулации во врска со Бугарија. Не можеме да го ставиме под хипотека нашиот национален идентитет“, рече Радев.





