Дали директорот со косовско државјанство се заканува со кинење раце во АИ? (АУДИО)

На социјалните мрежи се појави аудио снимка на која се слуша како едно лице разговара на неправилен македонски јазик и им се заканува на соговорниците дека ќе кине раце.



Во постот на Твитер се тврди дека се работи за заменик директор на државната институција Агенција за иселеништво кој предходно побарал од вработените да ги тргнат сите етнички и национални артефакти од канцелариите и за кого беше објавено дека покрај македонско има Косовско државјанство.

Според звукот од аудиото директорот додека зборува како ќе казнува со кинење раце на маса става некаков тврд предмет кој може да биде и нож според контекстот на заканите но и друг вид на оружје.

Со оглед на тоа што се работи за индиции дека е однос меѓу државен функционер и вработени во јавна администрација разговорот се пренесува како тема од јавен интерес.

На потег да ја проверат снимката се Агенцијата за администрација, Министерството за ИО и јавна администрација, Премиерот Заев, вицепремиерот од Сдсм Љупчо Николовски, вицепремиерот Артан Груби, ДУИ како партија од која доаѓа осомничениот директор и Јавното обвинителство.

Поврзани вести

Директорот кому му пречат македонски артефакти има косовско државјанство