Управата за јавни приходи им препорачува на работодавачите кои имаат можност да им исплатат плата на вработените, да го сторат веднаш, а по донесувањето на законот ќе имаат можност да поднесат барање за добивање помош, јавува СакамДаКажам.



„Имајќи го предвид фактот дека законот сè уште не е донесен како и краткиот рок за поднесување на барањето за финансиска поддршка за исплата на платите на работниците, работодавачите кои имаат можност за исплата на платата, може истото да го сторат веднаш, а по донесувањето на законот ќе имаат можност да го поднесат барањето и да направат корекција на МПИН образецот за користење на финансиска поддршка за исплата на платите“, велат од УЈП.

Четвртиот сет економски мерки на Владата за помош на фирмите погодени од ковид-19 предвидува директна финансиска поддршка за исплата на плати за месеците октомври, ноември и декември. Овој предлог-закон е во собраниска процедура и додека не се донесе фирмите не можат да аплицираат за добивање помош.