Утре во 11 часот треба да се одржи собраниска седница на Комисијата за надворешна политика со една точка на дневниот ред.



„Македонија мора да изгради заеднички став и национални црвени линии наспроти меморандумот на Бугарија! Достоинството и самобитноста на македонскиот народ е европска културна и јазична вредност и затоа ЕУ треба да отвори преговори за членство без прифаќање на дополнителни уцени и притисоци“, вели претседателот на Комисијата Антонијо Милошоски.