Со Зоран Заев како претставник и уште неколку налик нему, јасно е зошто Бугарија бара да признаеме нешто што ниту е логично, ниту е вистина. Македонскиот идентитет е слаб и понижен како никогаш досега, но на сето тоа ќе му дојде крај, а Заев ќе одговара за тоа, изјави вчера во гостување на ТВ Клан лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
„Ние можеме да се согласиме дека имаме одредени заеднички моменти, но никогаш не можеме да кажеме дека имаме иста историја. Ние имаме наша македонска, а тие нивна“, рече тој.
„Република Македонија не смее да отстапува повеќе, понижени сме повеќе од било кога, а Македонците се чувствуваат без идентитет поради тоа што ненародната власт предводена од Зоран Заев го распродаде и јазикот и името.
Еднаш засекогаш мора да се знае дека политичарите можат да разговараат на многу теми, но не смеат да преговараат за се што ќе им се побара, бидејќи ниту еден политичар нема легитимитет да лицитира со национален идентитет“, истакна Мицкоски.






