Џорџ и неговата сопруга Амал сакаат да им помогнат на 3.000 сириски бегалци да одат на училиште во Либан, каде што, според проценките на ОН, живеат околу 200.000 деца кои не се во образовниот систем.

„Ќе се изгуби една цела генерација на деца, тие не се виновни бидејќи се родени на погрешно место во погрешно време“ вели во соопштение брачниот пар Клуни.
Познататата двојка ќе донира 3,25 милиони американски долари во трошоци за транспорт на учениците и нивните наставници, училишни материјали, компјутери и обука на наставници.




