Молкот на македонската влада за уцените и заканите од Бугарија го исполнуваат граѓани на социјалните мрежи кои реагираат на свој начин.
Бугарски активисти деновиве на македонски групи на Фејсбук споделуваат навредливи “Мемиња” во кои се обидуваат да прикажат дека Македонците се српски слуги.
Во едно од мемињата кое не е блокирано од Фејсбук се прикажува училиште кое симболизира македонски вазалски однос кон Србија.
На бугарските провокации кои интензивно траат со недели одговор дојде и на социјалните мрежи но и со конкретна акција во која вечерва беше избришана табла на која пишува кој ја окупирал Македонија во 1941 година.
Мусо ја светна таблата со „бугарски фашистички окупатор“ (ВИДЕО)





