Влијателниот германски весник „Франкфуртер алгемајне цајтунг“ во своето печатено издание објави анализа за односите меѓу Софиаби Скопје и јавно прашува зошто се случуваат уцените и заканите за Македонија од страна на Бугарија.
Насловот на текстот кој е напишан од дописниците на FAZ од Брисел и Виена не го одразува ставот на весникот за македонската нација како измислена туку е само порака полна со иронија до властите во Софија но и до Брисел и другите земји членки кои дозволуваат Бугарија да се поигрува со приемот на Македонија и да го загрози целиот концепт на проширувањето на ЕУ.
За угледниот весник тоа што го прави Бугарија е целосно погрешно и доколку истите принципи при проширувањето ги користеле другите членки ЕУ сега не би постоела.





