Поранешниот соработник на Американската агенција за национална безбедност (НСА), Едвард Сноуден, баран од Вашингтон, изјави денес дека поднел барање за руско државјанство, откако добил право на постојан престој во Русија, каде се наоѓа од 2013 година, пренесува Бета.
Триесет и седумгодишниот Сноуден преку Твитер објасни дека тој побарал да го задржи американското државјанство, што е можно со неодамнешната промена на законот за руско државјанство и имиграција.
Тоа барање дојде неколку дена откако неговата партнерка Линдзи Милс објави дека е бремена.
„После долги години разделување од нашите родители, јас и сопругата немаме намера да се разделиме од нашиот син“, напиша Сноуден на Твитер. Тој исто така објасни дека тој и неговата сопруга сакаат да останат Американци и да го одгледуваат својот син во „склад со сите американски вредности што ги сакаат, вклучително и слободата на изразување“.
Адвокатот на Сноуден, Анатоли Кучерена, на 22 октомври објасни дека престојот на Сноуден е продолжен на неодредено време и дека тоа е овозможено благодарение на неодамнешните измени во рускиот закон за имиграција.






